Битолската СДСМ денеска обвинува за роднински вработувања во јавното претпријатие „Водовод“.
„Градоначалникот Тони Коњановски си ја вработи кумата во Водовод. Наталија Соклевска во Водовод е вработена како техничар за водоводна мрежа и приклучоци иако со отпремнина заминала од Телеком. Виолета Ковачевиќ, член на Извршниот комитет на ДПМНЕ во Скопје, си ја вработи нејзината сестра, Јованка Димовска во Водовод, исто како и кумата на градоначалникот.
Братот на советникот Златко Лозановски од ПОДЕМ, исто така, е вработен во Водовод. Јасно е зошто и покрај сите кривични пријави и утврдени неправилности, никој не се осмели да го разреши директорот на Водовод. Водовод е под окупација на блиски роднини на партиски функционери на ДПМНЕ и коалицијата“ вели Ивона Трифунов од СДСМ Битола.











