СДСМ даде зелено светло за предлогот на Иванов за гувернер

0
943

СДСМ даде зелено светло за предлогот на претседателот Ѓорѓе Иванов, Анита Бежоска да биде гувернер на Народната банка. Владеачката
партија, заедно со коалицијата позитивно гледаат на оваа идеја. Во писменото соопштение, координаторот на пратеничката група на СДСМ, Томислав Тунтев истакна дека лично смета дека Бежовска е докажан експерт и професионалец во својата област и ја заслужува нивната поддршка.

„Јас воопшто не се сомневам дека генералниот став на нашата пратеничка група во врска со овој предлог ќе остане непроменет – дека ќе биде позитивен и дека само ќе биде потврден на претстојната координативна средба на пратеничката група“, изјави Томислав Тунтев – СДСМ