СДСМ: Дали е ова добронамерна или строго политичка „герила“ акција?

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

Како што веќе информиравме,  денеска јавноста беше сведок на герила акција со жолтите налепници и знакот за радијација. поставени на капаците од шахтите низ централното градско подрачје.

На ова регираше Нискоградба со пријава во битолската полиција.

Освен на шахтите, налепници беа поставени и на столбови, клупи и плочки на Широк сокак.

Со реакција се огаси и политичката партија СДСМ. Во неа меѓу другото се вели:

„Утрово Битола осамна со еден очаен и крајно неинвентивен обид за заплашување на граѓаните, предизвикување паника меѓу нив со употреба на разни семиотички симболи кои имаат за цел да предизвикаат внимание. Ако се земе предвид дека станува збор за нерегулирано поставување на самопрогласени знаци на јавна површина, а со тоа истата се оштетува, тогаш навистина вниманието треба да се сврти кон оние кои повторно со уништување на јавен и општински имот сакаат да си поиграат со граѓаните и да предизвикаат паника онаму каде нема простор за истата. Уште поголемо внимание треба да се стави на самите знаци кои укажуваат на радиоактивност која сите добро знаеме какви последици има по здравјето.
Она што треба да се објасни на јавноста и граѓаните на Битола е: дали оваа “герила” акција е навистина случајна и добронамерна или целта е строго политичка?

 

Share.