СДСМ до ВМРО ДПМНЕ: Не се занимавајте со нас, напишете програма

Почетокот на кампањата го потврди она што сите го знаат. Во ДПМНЕ нема ништо ново, вака денеска на прес конференција рече Дејан Србиновски, портпарол на битолската СДСМ.

„Истата реторика, истите клевети, истото однесување како во времето на режимот на нивниот почесен претседател Никола Груевски. Дури и истата фамилија што менуваше министерски фотелји како чорапи е во трка за освојување на гласовите на битолчани.

Џабе бил Кодексот за фер и демократски избори, кога повторно на дело го гледаме нивното лицемерно однесување. Очигледно, во отсуство на програма, идеи и проекти за развој на Битола, кандидат за советник излегол пред јавноста и шпекулира со лаги и измислици.

Наместо да се занимаваат со нашиот кандидат, нека седнат и нека напишат изборна програма со која ќе ја бараат довербата на битолчани. Помина времето на слаткоречиви изрази, на лаги и манипулации. Време е за акција и за брзи чекори напред кон европска Битола“ рече Србиновски.

Сподели