СДСМ до ВМРО ДПМНЕ: Не трошете време на небулозни обвинувања

Никој не очекува дека ДПМНЕ може да се израдува на успех – на државата, на општината, на училиште или јавно претпријатие. Но, ретко кој очекуваше до денес дека најголемата опозициска партија ќе се занимава и со … фекалии, се вели во реакцијата на општинската организација на СДСМ Битола.
„Уште пак и тоа да го прикажувате како грижа за работата на некое претпријатие, за продуктивноста на некој проект или за животната средина. Не ви прилега.
Јавните претпријатија во Битола и локалната самоуправа предводена од градоначалничката не работеле никогаш подомаќински, поодговорно, потранспарентно како во изминатите скоро четири години. Имајте малку доблест и признајте го тоа. Или едноставно, не коментирајте работи кои не ги разбирате.
За каков расипнички двоец зборувате? Па, вам екс градоначалникот сеуште ви е икона, а неговите обвинети соработници пример за однесување и работа. Дури и неговата парола ја користите.
Не трошете време на небулозни обвинувања. Ослободете ги улиците од беспредметните т.н. протести. Тоа ги револтира граѓаните.
Не ги анализирајте состојбите во СДСМ. За вас тоа ништо не менува. Бездруго, во октомври ве чека уште еден пораз.
Оти…на крајот, се завршува каде што му е местото. Па, и ДПМНЕ“ се вели во реакциајта на СДСМ Битола.
Сподели