ТЕРА

REKLAMA???

СДСМ ЗА ДОСТАВУВАЊЕТО НА РЕШЕНИЈАТА ЗА ДАНОК НА ИМОТ

И покрај нашите укажувања за проблемот со решенијата за данок на имот, градоначалникот Тони Коњановски, зафатен со сапуницата со претседателката на Советот, Габриела Илиевска, не презема апсолутно ништо и ги доведува граѓаните на Битола во незавидна состојба,вели советникот од СДСМ, Борче Корлевски.

„Не само што на голем број граѓани им доставува несразмерно повисоки износи за плаќање на данок на имот, Коњановски преку партиски одбраните доставувачи во голем дел го прекршува Законот за општа управна постапка за доставување на решенијата за данок на имот.

Согласно член 80 од законот, решението треба да биде доставено лично што се потврдува со потпишана доставница од доставувачот и примачот. Доколку доставувачот не го затекне граѓанинот за лично да му го достави решението, треба да направи обид за достава во рок од 24 до 72 часа. Ако и тогаш не го затекне, составува белешка која ја остава на адресата на граѓанинот дека решението треба да го подигне од општина.

Коњановски и Општина Битола ја прекршуваат оваа процедура и ги доведуваат граѓаните во неповолна ситуација бидејќи не се знае кога се доставени решенијата, од кога почнуваат роковите за жалба и тужба пред Управен суд.

Затоа, почитувани битолчани доколку во вашето поштенско сандаче или во дворот најдете оставено решение за данок на имот, проверете си го износот и реагирајте веднаш бидејќи на градоначалникот не му е грижа дали решението е исправно и дали ви е доставено на начин согласно закон. На Коњановски единствено му е важно да ви ги земи парите кои потоа ги троши со неговите другари од ДПМНЕ, со пријатели и роднини“ рече Корлевски.