Барањето за поскапување на цената на водата ги предизвика советниците за меѓусебни обвинувања.
Битолската СДСМ вели дека раштиманиот оркестар на ДПМНЕ Битола уште еднаш се посрамоти пред публиката.
„Директорот на Водовод и лидер на ДПМНЕ Битола, Пеце Милевски не само што не се појави пред советниците да образложи зошто бара повисока цена на водата за пиење, туку и советниците од неговата политичка партија не гласаа за неговиот предлог.
Кој даде наредба тие кутри, партиски војници цел ден да “верглаат” колку “држи вода” предлогот на Милевски, за потоа да се премислат и да гласат воздржано, за јавноста не е важно
Важно е дека ДПМНЕ останува верен на традицијата да нема став за ништо важно за граѓаните и ставовите ги менува согласно пресметката на политиката добивка.
Ваквите евтини, популистички трикови на ДПМНЕ се одамна прочитани од граѓанитеЗатоа од нив никој не би купил ни автомобил, камо ли нешто друго.
Советниците на СДСМ во 2018 гласаа за зголемување на цената на водата за пиење за 0,8 дениДПМНЕ сега бараше покачување на водата од најмалку 7 денари за метар кубен. Има разлика“ стои во реакцијата на СДСМ.













