Го нема спортскиот комплекс, го нема училиштето во Буковски ливади, ја нема новата зграда на противпожарната единица, вака денеска потсетува битолската СДСМ.
„По две и пол години власт на Тони Коњановски и ДПМНЕ во Битола и потрошени над 80 милиони евра, уште го нема и паркчето кај Довлеџик, камо ли авантуристичкиот парк во Брусничка населба! Со Тони и ДПМНЕ, Битола тони!
Од тоа малку што го има, Битола доби еден од многуте ветени кружни текови. И тој фаличен. Има срушени гаражи по сомнителни критериуми, има отстранети трафики во кои наши сограѓани вадеа парче леб, има долгови, непотизам и партиски вработувања во јавните претпријатија!
Наместо да тера партиски кампањи на ДПМНЕ, градоначалникот Тони Коњановски нека се посвети на решавање на проблемите на битолчани! Граѓаните не го гласаа за да го троши времето по улици, со најлончињата в рака.
И онака, каде и да се појави е само на штета на неговата партија. Наместо да бара изговори за нереализираните проекти, нека се надмине себе си и нека си признае дека две и пол години ништо не направи!
Планинарскиот дом, Копанки, на пример, три пати најави дека ќе биде карабина до ланската Нова година! Не може СДС да биде виновен за сите негови промашени ветувања. СДС е виновен единствено што му дозволи воопшто да стане градоначалник! Коњановски не може да ја направи Битола горда! Ја направи грда“ велат од СДСМ.













