СДСМ на онлајн конгрес денеска ќе избере раководен тим на партијата

Денеска со почеток во 13:00 часот, СДСМ ќе го одржи 26. Конгрес.

Дигиталниот Конгрес на СДСМ ќе се одржи преку електорнска платформа Зум (ZOOM), заради заштита на здравјето на граѓаните, делегатите, медиумските работници и со целосно почитување на мерките и препораките за зашитита од Ковид 19.

Конгресот ќе го отвори ќе го води претседателот на СДСМ, Зоран Заев.

Конгресот ќе има отворен и работен дел. Ќе се избира заменик-претседател на партијата, членови на Централниот одбор и членови на Надзорниот одбор. По конгресот следуваат состаноците на кои ќе се бираат потпретседатели на партијата, генерален секретар, организациски секретар, секретар за меѓународна соработка, Извршниот одбор на партијата, односно управното раководство.

 

Сподели