ТЕРА

REKLAMA???

СДСМ НА 16 МАРТ ЌЕ БИРА ПРЕТСЕДАТЕЛ

На седницата, Централниот одбор на СДСМ оцени дека со погрешните политики на актуелната власт на ВМРО-ДПМНЕ животниот стандард на граѓаните со месеци се влошува, граѓаните имаат се помалку пари додека платите стагнираат.

Беше кажано дека како одговорна партија СДСМ ќе понуди пакет на законски решенија за заштита и подобрување на животниот стандард на граѓаните.

Согласно Статутарните одредби, Централниот одбор донесе Одлука за распишување на директни внатрепартиски избори за избор на Претседател на СДСМ кои ќе се одржат на 16 март 2025 година.

Воедно Централниот одбор избра нов состав на Централна изборна комисија на СДСМ и го усвои Правилникот за критериумите, начинот и постапката за кандидирање и избор на Претседател на партијата.