По поставувањето на нови клупи и корпи за отпад, битолската СДСМ денеска прашува колку пари чини набавката на новите клупи и канти поставени на Широк Сокак и која е фирмата од каде се набавени.
„Дали за нивното поставување има мислење од надлежните институции за заштита на Широк Сокак како старо градско јадро на Битола?
Каде се старите клупи кои беа во добра состојба? Зошто не се реализира, кога ќе се реализира и дали воопшто ќе се реализира Одлуката за поставување на урбана опрема на улица Партизанска што Советот на Општина Битола ја изгласа едногласно уште во декември 2022 година?
По која програма изгласана од Советот на Општина Битола се поставуваат новите клупи на Широк Сокак? За изгледот на клупите не коментираме, тоа е работа на вкус. А, вкусот на ДПМНЕ го знаеме од проектот Скопје 2014“ вели советникот од СДСМ, Петар Николовски.












