СДСМ прогласи победа на Пендаровски

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

Води концептот „Заедно”, тоа е дел од единствениот успешен концепт за сите нас и за нашата држава. Концептот „Заедно” ќе побдеи во вториот криг од претседателските избори“ рече претседателскиот кандидат Стево Пендаровски.

„Јасно е, мнозинството граѓани, Македонци, Албанци, Турци, Срби, Бошњаци, Власи, Роми, други… се изјаснија дека сакаат напред. Тоа е другиот дел од успешниот концепт за сите нас и за нашата држава. Денешното гласање помина во демократски дух. Очекувам така и да продолжиме и на 5 мај да ги финишираме овие избори, затоа што заедно напред не е само концепт, туку и акција.

А јас едвај чекам да се фатам за работа на патот кон евроатлантска и економски развиена Република северна Македонија за сите од позицијата претседател на државата, затоа што 10 години оваа земја немаше претседател”, изјави Пендаровски.

Изборот во вториот круг од претседателските избори, како што рече, е стеснет од три кандидати на два претседателски кандидата, ама изборот ќе биде полесен.

„Затоа што разликата помеѓу мене и Гордана Сиљановска е голема. И верувам дека тоа ќе придонесе за уште поголема одлучност и тоа во прилог на концептот Напред, затоа што знаеме, Назад не е опција, туку блокада и криза”, додаде тој.

Премиерот и претседател на СДСМ, Зоран Заев, изборите ги оцени за фер и демократски и рече дека „во вториот круг со изборот на европски претседател ќе се заокружи уште една европска вредност“.

„Овие избори се многу важни, бидејќи се одлучува дали и со кое темпо ќе одиме напред. Имаме два различни концепти еден кој е прогресивен и обединува и друг кој е деструктивен и дели. Јасно е дека во вториот круг Стево Пендаровски ќе добие уште поголема поддршка од граѓаните“ рече Заев.

Тој ги повика сите неопределени граѓани, оние кои се колебале, но и гласачите на Река, да гласаат во вториот круг „за европски вредности“.

Share.