СДСМ: Снимките за „Рекет“ се со цел да се саботира истрагата

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

„Објавувањето на видео снимките и материјалите поврзани со случајот „Рекет“ се дел од сценариото да се загрози истрагата и да се саботира доказната постапка. Сите шеми и линкови за објавување на снимката за случајот „Рекет“ водат кон белиот дворец зад мене, седиштето на ВМРО-ДПМНЕ и нивниот вистински шеф, Никола Груевски“, вели денеска Снежана Калеска – Ванчева, пратеничка на СДСМ.

„Авторот на тексовите кои излегуваат во италијански медиум, има релации со ВМРО-ДПМНЕ. Советник на Никола Груевски членувал во иста организација во која членува и авторот на текстот. Весникот има објавено интервју со Никола Поповски од ВМРО-ДПМНЕ каде се промовира проектот на Никола Груевски против невладините организации во земјава“, посочува Калеска – Ванчева.

Share.