СДСМ ја најави утрешната трибина во Битола

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

Битолската СДСМ денеска на прес конференција ја најави утрешната трибина во Битола.

„За само две години направивме повеќе во корист на граѓаните од единаесет години. За две години ги зголемивме платите, пензиите, отворени се повеќе фабрики и повеќе работни места, инвестирано е во патишта, исплатени и доделени субвенции. Со домаќинското работење на локалната власт, образованието и градинките функционираат непречено. Станавме предводници на концептот 50-50 на жени во политиката! За две години од заробеност постигнавме и достигнавме да имаме силна преспектива и обезбедена иднина. Од изолирана земја, сега сме земја светол пример за сите. Стануваме 30та земја членка на НАТО!
Затоа, Ве покануваме да ни се придружите утре, 7 декември во Центарот за култура во Битола во 12 часот на  трибина со претседателот на СДСМ, и премиер на Република Северна Македонија, Зоран Заев, градоначалничката Наташа Петровска и претседателот на комисијата за спорт при СДСМ, Наумче Мојсовски“ рече Жаклина Наумовска советник од СДСМ.

 

Share.