Северна Кореја ги запира тестовите за балистички ракети

0
133

Северна Кореја соопшти дека ги запира тестовите за балистички ракети од долг домет и планира да ги затвори полигоните за тестирање на нуклеарни бомби.

Севернокорејската агенција KCNA соопштува дека ги запира тестовите од денес.

Како се наведува, овој потег е со цел одржува на „националниот фокус“ и подобрување на економијата.

Американскиот претседател на Твитер веднаш реагираше по соопштувањето на оваа вест.

„Северна Кореја се согласи да ги запре сите нуклеарни проби и да го затвори големиот погон за тестирања. Ова се многу добри вести за Сверна Кореја и за светот-голем напредок. Со радост го очекувам Самитот“, наведува Трамп на Твитер.

Оваа објава за запирање на нуклеарните и ракетни тестови следи само неколку дена пред севернокорејскиот лидер Ким Јонџ Ун да се сретне со претседателот на Јужна Кореја Мун Џае ин во пограничното село, како би се обиделе да го завршат судирот меѓу двете Кореи.

Одлуката на Северна Кореја е донесена на пленеарна седница на ЦК на владеачката Работничка партија, на која се разговарало за „нова етапа“ на политика.

faktor.mk