Северна Кореја помогнала во производството на хемиско оружје во Сирија

0
176

Северна Кореја испраќа опрема во Сирија која може да се користи за производство на хемиско оружје, се наведува во најновиот извештај на Обединетите нации, објави Би-би-си. Речиси 40 непријавени пратки претходно биле срповедени во периодот меѓу 2012 и 2017 година, открива извештајот.

Извештајот, кој допрва треба да биде објавен, вели дека севернокорејски експерти за ракети биле забележани во сириските центри за производство на оружје.
Најновите обвинувања следуваат по новите извештаи за гасот хлорин што бил користен од сириските сили, но сириската влада го негира тоа.

Во меѓувреме почнува вториот ден од прекинот на огнот во сирискиот регион Источна Гута, чија цел е спроведување хуманитарна помош за оние што се најзагрозени, како и извлекување цивили од местото на борбите.

makfax.com.mk