Северна Кореја тврди дека нема ниту еден случај на Ковид 19

Северна Кореја и во последниот извештај до Светската здравствена организација соопшти дека нема случаи на зараза со Ковид-19 и оти сè уште совршено успева да го спречи вирусот да влезе во земјата.

На почетокот на пандемијата пред повеќе од една година, изолираната држава ги опиша своите напори да спречи влегување на вирусот „како прашање на национално преживување“.

Пјонгјанг ги затвори границите, забрани доаѓање на туристи, а странските дипломати ја напуштија земјата. Северна Кореја продолжува строго да го ограничува прекуграничниот сообраќај и стави во карантин десетици илјади луѓе кои имале симптоми на заразата.

Пјонгјанг тврди дека не е регистриран ниту еден случај на Ковид-19, за што постои големо сомневање со оглед на слабата здравствена инфраструктура и порозната граница со Кина.

Пјонгјанг вели дека нема случаи на вирус, но експертите велат дека тоа е малку веројатно.

Во меѓувреме објавено дека Северна Кореја објави дека нема да учествува на Олимписките игри во Токио годинава, за  да ги заштити своите спортисти од ковид-19.

 

Сподели