Северна Кореја ќе го затвори полигонот за нуклеарни тестирања

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

Лидерот на Северна Кореја Ким Јонг Ун му кажал на претседателот на Јужна Кореја Мун Џае-ин дека ќе го затвори полигонот за нуклеарни тестирања во следниов месец, соопштија од канцеларијата на Мун.

“Ким за време на самитот рече дека ќе го затвори полигонот за нуклеарни тестови во мај” рече денеска портпаролот на претседателот на Јужна Кореја.

Ким рече и дека “наскоро ќе покани експерти од Јужна Кореја и САД за да го отвори процесот за меѓународната заедница со транспаретност” , кажа портпаролот Јун Јан-чан.

slobodnaevropa.mk

Share.