Северна се усогласи со времето во Јужна Кореја

0
173

Северна Кореја ја смени временската зона за да се усогласи со Јужна Кореја по самитот на водачите на двете Кореи, објавија севернокорејските медиуми.

Стрелките на часовниците беа поместени во петокот, во 23.30 часот по локално време, 30 минути нанапред.

Поместувањето на времето е првиот практичен чекор кон обединување на двете Кореи, според севернокорејската агенција КЦНА.