Сегашниот договор со Иран не е доволен за да се потисне нуклеарната програма

0
134

Германската канцеларка Ангела Меркел рече дека постојниот договор со Иран не е доволен за да се ограничи неговата нуклеарна програма, додека влијанието на Техеран мора да биде потиснато.

„Ние сме на мислење дека Заедничкиот сеопфатен план за акција е првиот чекор што придонесе да се забават нивните активности од овој конкретен аспект, дека исто така воспостави подобар процес на проверки и следење. Но од германска перспектива, ние сметаме и дека ова не е доволно за да се види дека иранските амбиции се ограничени и контролирани“, рече Меркел, додавајќи дека мора да се спротивстават на „геополитичкото влијание на Техеран во Сирија, Либан и Ирак“.

Меркел изјави дека иранското прашање е многу поважно за Германија отколку за САД, бидејќи земјата е „пред германските порти“.

„Верувам дека очигледно овој договор е сè само не совршен. Тој нема да ги реши проблемите со Иран. Тој е само едно парче од мозаикот, една тула, на која можеме да ја изградиме градбата“, рече Меркел на заедничката прес-конференција со Трамп.

Меркел, која пристигна во САД на разговори со американскиот претседател, очигледно го сменила својот став за значајниот нуклеарен договор со Техеран. Германија постојано ги предупредуваше САД да не се повлекуваат од нуклеарниот договор од 2015 година со Иран, официјално познат како Заеднички сеопфатен план за акција (ЈЦПОА). Самата Меркел постојано ги повикуваше сите страни да се придржуваат кон договорот и целосно да го спроведат.

Францускиот претседател Емануел Макрон, кој неделава го посети Вашингтон и разговараше со Трамп на истата тема, по посетата рече дека веројатно не успеал да го убеди американскиот претседател да се придржува кон меѓународниот договор со Иран и дека промените во американската политика се „луди“.

mkd.mk