ТЕРА

REKLAMA???

СЕДМА ПОБЕДА ПО РЕД, ПЕЛИСТЕР СЕ ИСКАЧИ НА КОШАРКАРСКИОТ ВРВ

КК Пелистер – КК Кожув 96-84

Многу работи на мечот во Битола беа решени во првото полувреме. Во второто беше доста поизрамнето, на крајот, сигурна победа, седма за Пелистер во осум одиграни натпревари. Максимално сериозно тргнаа домашните кошаркари во поход на уште два бода на првенството конто. Брзо го наметнаа својот препознатлив, ефикасен стил на игра. Со многу реализации за што сведочи и бројот на дадени поени во првите десет минути – 29.

Освен Караџовски, останатите четири стартери во Пелистер беа „двоцифрени“. Најмногу реализации, 24 имаше Мустафица, додека 17 даде Карпентер, иако го почна мечот од клупата за резервни играчи. Во гевеглискиот состав, првиот стрелец во лигата, Американецот Мајрон Гордон заврши со 23 поени, неговиот сонародник Хантер даде 15, Ризвиќ имаше 14, а Главчев и Јузбашиќ по десет.

Во следното деветто коло КК Пелистер гостува кај Феникс 2010.