Седма рунда консултации меѓу македонското и грчкото МНР, следниот состанок во Атина

0
184

Министерствата за надворешни работи на Република Македонија и Грција вчера ја одржаа седмата рунда консултации во врска со мерките за градење доверба меѓу двете земји.

Од МНР информираат дека состанокот претставува продолжение на пријателскиот и конструктивен дијалог за разни области од заеднички интерес, а во поддршка на напорите на владите во создавањето позитивна политичка клима во билатералните односи меѓу двете земји.

„Свој придонес во дискусијата дадоа и експерти од соодветните национални институции. Усогласените области на соработка вклучуваат проекти за поврзување – полициската соработка, европските програми, културата, образованието, цивилната заштита, јавната администрација, здравството, соработката меѓу дипломатските академии, како и реализацијата на бизнис-иницијативите. Соработка беше иницирана и во областа на сеизмологијата, а беше парафиран и меморандум за разбирање за соработка на полето на цивилната заштита“, соопшти Министерството за надворешни работи.

Следниот состанок ќе биде одржан во Атина.