Седницата закажана за во 21 часот

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

Претседателот на Собранието на Република Македонија, Талат Џафери седницата за уставните измени ја закажал за вечерва во 21 часот, јавуваат медиумите.

Претходно оваа седница беше закажана за 15 часот, но не започна.

Вечерва премиерот Заев ја напушти собраниската зграда, но се очекува подоцна повторно да се врати.

Пратеничката група на ВМРО ДПМНЕ како што соопшти партијата, апелира до надлежните институции, особено до ЈО, да ги испитаат наводите изнесени во повеќе медиуми во текот на денот дека врз неколку пратеници во Собранието е вршен притисок и дека преку уцени, закани или понуди за поткуп се влијае врз нивната одлука за гласањето во однос на Уставните измени, стои во соопштението на партијата.

Од СДСМ пеку соопштение рекоа дека раководството на ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски денеска одново покажаа дека по секоја цена сакаат да ја блокираат иднината на Македонија во ЕУ и НАТО.

„Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ во Собранието да дејствуваат слободно и да се спротивстават на антизападниот партиски играч Мицкоски и антизападното раководство на партијата.

Сите пратеници, вклучително и оние на ВМРО-ДПМНЕ имаат обврска пред граѓаните да ја следат јасно изразената мнозинска волја на над 80 отсто од граѓаните и да обезбедат иднина во ЕУ и НАТО преку прифаќање на уставните измени во Собранието“ стои во партиското соопштение на СДСМ.

 

 

Share.