Седница за гласање доверба на Владата

0
211

Довербата на Владата денеска ќе се најде на собраниска седница, која треба да започне во 11 часот. Собранискиот спикер, Талат Џафери ја закажа оваа седница по барање на ВМРО – ДПМНЕ, од каде велат дека се подготвени со дискусија да ги изнесат сите факти и аргументи против 10-месечното владеење на актуелната Влада.

Координаторот на пратеничката група на оваа партија, Драган Данев вчера во изјава за медиумите  апелираше до сите пратеници на денешното гласање пред себе да го стават интересот на сите граѓаните на Република Македонија, а не партиските и личните интереси.

Според пратеникот и координатор на пратеничката група на СДСМ, Томислав Тунтев, поразително е опозициската ВМРО-ДПМНЕ да бара, како што вели, изговор за да се врати во собраниските клупи и да учествува во работата на Собранието.

За да биде изгласана недоверба на Владата потребно е мнозинство од вкупниот број пратеници , или најмалку 61 глас.