Седниците на совет во живо на телевизија

0
606

В понеделник се очекува Советот на општина Битола на својата редовна седница да ја донесе одлуката за јавно телевизиско емитување во живо на седниците на Советот на општина Битола.

Ова е една од точките за 9-та седница од предложениот дневен ред.

Откако ќе биде изгласана, Советот со оваа одлука ќе го овласти градоначалникот на општина Битола да спроведе постапка за избор на медиумите кои ќе ги емитуваат во живо седниците на Советот на општина Битола.