Седумката на лото изнесува 7.000.000 денари

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

Во минатото лото коло 23 по ред, според извештајот на Државната лотарија на Македонија извлечени лото броеви се следниве: 14, 34, 9, 1, 11, 27, 19, црвеното топче кое ги дуплира добивките во ова коло не беше извлечено, со седум и шест погодоци нема, има само 95 погодоци на 5 броеви, а сите од нив ќе добијат по 2.176,18 денари, со 4 погодоци има 1.544 добитници на 200 денари. Лото премијата сеуште изнесува 7,000,000 денари.

Добитен Џокер број во 23 лото коло е 090015 во него само двајца погодиле 4 броеви, а за тоа ќе добијат џокер премија вредна 8.446,00 денари, со 3 погодоци има 23 џокер играчи кои добиваат 734,43 денари.

Добивките од втора, трета, и четврта категорија од лото и добивките од втора, трета, четврта, петта и шеста категорија од џокер, се исплатуваат следниот ден по извршеното извлекување на броевите лото и џокер, а добивките од прва категорија лото и џокер стануваат конечни и може да се исплатуваат по десет дена од денот на објавувањето на извештајот на поединечното коло лото и џокер.
Правото за наплата на добивките застарува во рок од 30 дена, сметајќи од денот на објавувањето на извештајот за резултатите од
играта, стои во извештајот од Државната лотарија.

Share.