Седум лица загинаа во експлозија во северна Кина

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

Седум лица загинаа, а 13 се повредени во северниот дел на Кина, кога експлодирал камион кој превезувал пет тони динамит. Инцидентот се случил малку по полноќ во провинцијата шанси, а Владата на тој регион соопшти дека се испитува причината за експлозијата.

Кинеските државни медиуми објавија дека помеѓу жртвите се возачот на камионот, магационери и припадници на обезбедувањето. Како се наведува, вработените во магацинот го користат експлозивот за рударски и градежни работи.

Share.