„Секоја идеја е голема, затоа и од Битола се може“

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

„Секоја идеја е голема, затоа и од Битола се може(и)“, беше мотото на Демо денот што се одржа во Битола.
Mлади луѓе имаа можност да ги претстават своите иновативни бизнис планови пред потенцијални инвеститори.

Во претходните три месеци, учесниците имаа можност да бидат дел од интензивна менторска и тренинг програма за креирање и водење на успешен бизнис.

Ова беше официјалниот завршен настан на акцелераторската програма Employouth во организација на Фондацијата за одржлив развој „ПРЕДА Плус“.

„ПРЕДА Плус“ ја креираше акцелератирската програма и ја предава на Факултетот за информатички и комуникациски технологии- ФИКТ.
Факултетот со овој проект се здобива со простор каде ќе го смести акцелераторот, добива проект, избира менаџерски тим кој ќе го води во идниот период кога ќе биде практично одговорен за неговата одржливост.

Со проектот се очекува поддршка да добијат претприемачите во Битола и конечно да се зголеми бројот на нови бизниси што ќе донесе економски благодет во градот.

Инаку, Универзитетската пилот програма за стартапи во Пелагонискиот Регион, организирана како дел од Еmployouth -проектот е финасиран од ЕУ преку Интерег програмата за прекугранична соработка со Грција, а имплеметиран од Фондацијата „ПРЕДА Плус“ и Факултет за информатички и комуникациски технологии – Битола.

„ПРЕДА Плус“ е Фондација за одржлив економски развој којашто во изминатиот период ја игра улогата на поддржувач и партнер на учесниците во екосистемот на стартапи во Македонија.

Share.