Секој ден со дожд и пониски температури

Претежно облачно и студено со повремени врнежи од дожд кои на места во текот на денот ќе бидат пообилни. Ќе дува слаб до умерен ветер од североисточен правец.

Дневните температури во државата од 6 до 14 степени, во Битола до 11.

И во следните денови ќе бидеме под влијание на влажна воздушна маса, времето ќе се задржи претежно облачно и студено со повремени врнежи од дожд. Врнежите повремено ќе бидат пообилни, на места со пороен карактер и проследени со засилен ветер.

Сподели