Реконструкцијата на патот до Кајмакчалан, па и самиот Кајмакчалан се причина за развој на поклоничкиот туризам, рече министерот за труд, вработување, боречки и социјални прашања на Р.Србија Никола Селаковиќ при неодамнешната посета на Битола, прашан дали постои иницијатива било да е од македонска или пак српска страна за реконструкција на патот до Кајмакчалан?
„Бидејќи имаме многу споменици во Република Северна Македонија посветени на Првата, Втората Балканска војна и Првата Светска војна имаме и многу причини за разговори меѓу нашите две влади, нашите две држави. Јас искрено мислам дека патот до Кајмакчалан и самиот Кајмакчалан е една од најдобрите причини за развој кон поклоничкиот туризам на српските граѓани во РС Македонија и сметам дека тоа може да биде еден одличен проект помеѓу нашите две влади, помеѓу двете република, а зашто да не и град Битола па и Белград и останатите српски градови од каде што дошле српските војници и учествувале во таа битка“, рече министерот за труд, вработување, боречки и социјални прашања на Р.Србија Никола Селаковиќ.