Села денес во судница треба да се соочи со напаѓачите од Собранието

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

Десет месеци по насилството во Собранието на Република Македонија, пратеникот Зијадин Села денес ќе треба да влезе во судница и да се соочи со напаѓачите кој на 27 април, минатата година го претепаа и тешко го повредија. Во Основниот суд Скопје 1 оштетениот Села е повикан да сведочи за „крвавиот четврток“.

Неговиот адвокат на минатото рочиште побара отштета во висина од близу 500 илјади евра за тепањето на Села, повикувајќи се на трошоци за лекување, повреда на личниот идентитет, за претрпен страв, физичка болка и душевни повреди.

Share.