Семафорите од обиколницата над Битола украдени

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

На крајот на мината недела беше поставен семафор на обиколницата над Битола кој треба да го регулира сообраќајот на патот кој со години е и отворен и затворен. Поставувањето на семафорите за порталот апла.мк го потвдрија од фирмата изведувач „Илинден“ од Струга која работи на санирање на свлечиштата на обиколницата.

-Потпорниот ѕид  и ѕидот со габиони се направени, направен е и пристапен пат до свлечиштето на ридот со што се очекува да се реши проблемот со транспортот на земја од свлечиштето. Чекаме од републичкиот инспекторат за патишта да го потпише решението и патот да се пушти во сообраќај. Семафорите се веќе во функција, потврдија од фирмата изведувач за апла.мк.

Денеска ситуацијата е ваква. Нешто пред 12 часот камерата на Тера беше на обиколницата, но семафор немаше. Државниот инспектор за патишта при државниот инспекторат за транспорт Сашо Здравески телефонски за Тера рече дека од страна на изведувачот бил информиран дека синоќа биле украдени семафорите поставени на обиколницата заедно со акумулаторите и целиот систем за оваа светлосна сигнализација. Попладнево заедно со изведувачот фирмата Илинден од Струга беа на увид на локацијата, вели тој за Тера. Изведувач на градежните работи на оваа обиколница е фирмата „Илинден“ од Струга, а подизведувач на работите е Стентон градба.

Со години наназад оваа обиколница освен што е проблем за оние кои транзитираат низ Битола, проблем е и за самиот град. Поголем метеж во сообраќајот, тешки товарни возила транзитираат, и често пати е наведено и истакнато дека дополнително го загадуваат воздухот во Битола. И од општина Битола неколку пати истакнаа дека решението на оваа обиколница бара изработка на нова проектна документација.

Share.