Семејни празници на претек, а семејства се помалку

0
1988

По новогодишните празници, православните верници во подготовка на престојните Божиќни празнувања.

Македонскиот народ со многу внимание и почит го празнува Божик, кој започнува да се слави со Бадник, денот пред Божик.Семејството на Бадник се собира на заедничка вечера и според обичајот оваа вечер не се оди на гости. Се прави богата, посна трпеза. Домаќините се трудат да принесат од се по нешто за да им биде богата трпезата во текот на целата година.

Тоа значи дека ова се семејни празници и во кругот на семјството треба да се прославуваат и секако во црквите и манастирите. Но, во годините наназад постојано слушаме и броиме статистики за тоа колку млади заминале преку граница.

-Дали се трудиме да ги градиме и зајакнуваме семејните врски или се помируваме со нашиот морален пад и деградација на семејните вредности. Дали брачните другари поради немање вистинска љубов која е подготвена за секаква жртва се повеќе се разведуваат? Па како последица на тоа и децата растат во средина која не им го гарантира семејниот живот со својата полнота. Сето тоа се одразува во нивната иднина и животот. Сведоци сме дека се повеќе  млади  ги напуштаат семејните огништа и родната грутка заминувајќи во белиот свет, барајќи можност за смисла и успех надвор од семејното опкружување. Како последица на тоа се повеќе и повеќе среќаваме затворени и заклучени порти, згаснати огништа, стари родители, баби и дедовци напуштени од своите чеда препуштени на староста во самотија да го дочекаат својот животен крај на земјата , рече г.Петар

Владиката зборуваше и за белата чума чедоморството која го зема својот данок. Секоја година во своето божикно обракање, предупредува на тоа.

-Неразбирливо е како македонскиот народ кој инаку знае остро да го осуди тероризмот, шовинизмот и нацизмот, го озаконува постепено погубувањето на неродените деца. Со таквиот чин пред се го погубуваме бога во себе како личности , како семејство и на крајот како народ кој придонесува за гибелни на својата нација. Затоа како големо семејство во нашиот народ стои пред предизвикот за менување на ваквиот несвојствен за македонците менталитет и враќање на семејните вредности, особено во одгледувањето, воспитувањето и почитувањето на православната вера и дух на младите поколенија како најголем приоритет. Сепак овај свет со разнишани и морални вредности, мора да дојде до степен на свртување во обратна насока, т.е враќање на традиционалното и патријалхалното сваќање на семејството, рече г.Петар

Ако за новата година речиси малкумина беа во кругот на семејството, сега е време кога семејството треба да биде во центарот на вниманието и така да се празнува најголемиот христијански празник Божик.