Семејството на загинат од Љуботен бара отштета од еден милион евра од Тарчуловски

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

Семејствотво на Рами Јусуфов кој загина во скопското село Љуботен во 2001 година, побарува надомест за материјална и нематеријална штета од еден милион евра, за што ќе се расправа на ново судско рочиште кое е закажано денеска во Основниот суд Скопје 2, пишува Нова Македонија.

Тужителите Елмаз и Занел Јусуфови со посебен поднесок побараа тужбата да биде проширена и за Јохан Тарчуловски кој е во притвор, зашто со пресуда на Судот во Хаг, тој беше осуден за воени злосторства врз цивилно население.

Тарчуловски беше спроведен во затворот во Шевенинген на 16 март 2005 година, по барање на Хашкиот трибунал. Тој беше осуден на затворска казна од 12 години во 2008 година, а беше ослободен на 10 април 2013 година.

Share.