Сејдини им врачи билети на Филипче и здравствените работници

Претседателот на Фудбалската федерација на Македонија, Муамед Сејдини денес се сретна со министерот за здравство, Венко Филипче и им ги додели ветените билети на здравствените работници.

„Здравствените работници ја водеа битката на нашата генерација. Горди сме што им пружаме малку поинакво задоволство со можноста да ги бодрат македонските фудбалери на Европското првенство. Претседателот на Фудбалската федерација на Македонија, Муамед Сејдини денес оствари средба со министерот за здравство, Венко Филипче, на која им ги даде ветените билети за натпреварите на Македонија на Европското првенство“, велат од Фудбалската федерација на Македонија.

Сподели