Народниот театар во Битола, еден од најстарите и најзначајни културни институции во Македонија, деновиве свечено прослави 80 години постоење. Во овој контекст, ќе ги спомнеме основоположниците на оваа институција кои веќе не се меѓу нас, но нивното влијание во театарската уметност го чувствуваат и сегашните генерации.
Театарот беше формиран благодарение на напорите на неколку клучни личности кои оставија длабок траг во македонската театарска уметност. Овие глумци, режисери и сценаристи не само што го поставија камен-темелникот на театарот, туку и ги обликуваа идните генерации на творци, оставувајќи непроценливо културно наследство.
Секоја од овие личности играше клучна улога во издигнувањето на театарската сцена во Битола и во Македонија, и иако тие не се меѓу нас, споменот за нив ќе се негува уште долго. Нивните креативни напори и посветеност кон театарот ја изградиле репутацијата на Народниот театар како еден од најистакнатите културни центри во земјата.
Овде ќе се потсетиме на нивните постигнувања и ќе го истакнеме нивниот голем придонес во развојот на македонскиот театар.
Петар Велјановски – актер (1905-1975)
Еден од основачите на Народниот театар во Битола. Учествувал во првиот изведувачки состав на театарот и во тој период бил единствениот драмски уметник со поголемо искуство како професионален актер. Неговиот актерски ангажман започнува од раната младост, во далечната 1923 г. како член на патувачката група на Тихомир Динуловиќ, за по три години, 1926 г, да стане член на Народното позориште во Скопје кое беше стационирано во Битола. Значајно е неговото членување во полупрофесионалниот театар „Добро поле“ во Битола, во 1932 г. На сцената на Народниот театар – Битола останал до 1952 г. каде како актер учествувал скоро во целокуп ниот репертоар. По тригодишната пауза и по неговиот ангажман во Народниот театар во Прилеп, во 1959 г., повторно се вратил на својата матична сцена. Во 1965 г., како актер на битолскиот ансамбал, заминал во пензија. И како пензионер повремено настапувал во проекти сè до крајот на животот. Во неговиот творечки опус позначајни ликови кои ги остварил на сцената на Битолскиот театар, особено по враќањето во битолскиот театарски колектив, со особена природност и доживеаност може да се вбројат ликовите Василие II во „Ивац“ од Стеван Таневски (1959), Јордан во „Печалбари“ од А. Панов (1965), Жером во Магаре“ од Ж. Фејдо (1966), Медведеев во „На дното“ од М. Горки (1966) и др. Треба да се спомне дека Петар Велјановски даде свој скромен, но секако голем придонес и во доменот на режијата. Поради недостиг на професионални режисери, но со огромно актерско искуство, ја надополнувал празнината на овој дефицитарен кадар во тоа време. Иако по обем и по квалитет неговиот режисерски ангажман во Битолскиот театар е симболичен мора да се споменат режиите на претставите „Кална топка“ од Галешинов (1950) и „Златната рипка“ од Пушкин (1950).
Трајко Чоревски – актер (1921–1955)
Актер со огромен фонд на изразни можности, внесувајќи во играта многу љубов и поетска возвишеност. Итерпретацијата на ликовите значеше врвен дострел за секој одигран лик. Роден во Велес 1921 г. Пред Втората светска војна членувал во театарските трупи на Петре Прличко и Димче Трајковски. Чоревски е еден од основоположниците на МНТ во 1945 г. каде само за шест сезони одигра околу 26 драмски ликови. По 1951 г. кариерата ја продолжува во народните театри во Велес и Штип, а од 1952 г., до неговата прерана смрт во 1955 г. е член на Народниот театар од Битола. На сцената на Народниот театар– Битола, оствари неколку ролји од антологиско значење, пред сè улогите на Крис во „Сите мои синови“ од А. Милер (1952), Марко во „Без третиот“ од М. Беговиќ (1953), Јерко во „Луѓе без вид“ од Ј.Кулунџиќ (1953), Митке во „Коштана“ од Б. Станковиќ (1954), инаку оваа му беше последна улога што ја толкуваше. Во 1955 г. го снимил филмот „Волчја ноќ“. Почина во 1955 година, а неговата смрт предизвика голема празнина во Народниот театар во Битола. Добитник на наградата на Владата на НРМ во 1951 година.
Димче Стефановски – актер (1921–1978)
Актер кој што живееше од актерската уметност и за актерската уметност, без која не можеше да го замисли своето постоење. Препознатлив на поширокиот аудиториум по креирањето на своите карактерни ликови и режиски постановки. Роден 1921 г. во Битола. Првите чекори на штиците што живот значат ги направил во полупрофесионалниот театар „Добро поле“. По ослободувањето е еден од основоположниците за формирањето на Народниот театар во Битола, каде бил актер, режисер и директор. Неговиот актерски опус брои над 150 улоги. Во богатиот спектар на ликови секако спаѓаат ликот на Јеротие во „Сомнително лице“ од Б. Нушиќ (1947), Аџи Трајко во „Бегалка“ од В. Иљоски (1947), Херберт Бојтлер во „Физичари“ од Ф. Диренмат (1962), Жорж Дивал во „Дамата со камелии“ од А. Дима-синот (1963), Агатон во„Ужалена фамилија“ од Б. Нушиќ (1964), Тартиф во „Тартиф“ од Ж. Б. Молиер (1965), Полониј во „Хамлет“ од В. Шекспир (1966), Докторот во „Свадбата на Мара“ од В. Костов (1976) – неговата последна улога. Во поглед на режијата, бројката од над 40 остварени режии, го стави овој драмски уметник во позиција на необично активен, динамичен и плоден театарски творец. Под неговата палка дожи веаја повеќе праизведби на дела од македонски автори: „Кузман Капи дан“ (1954) и „Окрвавен камен“ од В. Иљоски (1968), „Ивац“ (1959) и „Владимир и Косара“ од С. Танев ски (1968). Список на остварените режии на овој деец е долг „Македонска крвава свадба“ од В. Чернодрински (1953), „Антица“ од Р. Крле (1950), „Чорбаџи Теодос“ (1946 и 1962) „Антица“ од В. Иљоски (1947, 1964 и 1972), „Чекор до есента“ од Т. Арсовски (1969), „Ревизор“ од Н. В. Гогољ (1969) и др. Добитник е на Наградата на Владата на НРМ (1950), наградата „4-ти Ноември“ (трипати), наградата за режија на претставата „Чекор до есента“ од Т. Арсовски на театарските игри „Војдан Чернодрински“ во 1969 година.
Ацо Стефановски (1922–1985)
Првиот македонски Хамлет, несомнено еден од најретките артистички индивидуи со специфичен актерски сензибилитет и богат творечки потенцијал. Поминувајќи го сиот свој работен век на „штиците што живот значат“ одиграл 250 улоги, главно водечки. Роден во Битола 1922 г. Осно вно и средно образование завршил во Битола. Професионалниот ангажман како актер го започнува со самото формирање на Народниот театар од Битола во 1944 г. Поминувајќи ги сите 40 години од својата актерска дејност во овој театар беше незаменлив столб во артистичкиот ансамбл, кој му обезбедуваше високо креативно рамниште. Со силата на својот изворен талент, со својот специфичен актерски сензибилитет, моќта за убави уметнички трансформации, беше и остана синоним на истраен театарски деец. Иако во 1983 г. се пензионира, сеуште беше еден од најангажираните актери во битолскиот театар. Од големиот опус на одиграни улоги на овој врвен актер треба да се издвојат насловните ликови во „Хамлет“ од В. Шекспир (1966), „Цар Едип“ од Софокле (1967), „Скуп“ од М. Држиќ (1958), „Вујко Вања“ А. П. Чехов (1972), главните ликови на Митке во „Коштана“ од Б. Станковиќ (1969), Аџи Трајко во „Бегалка“ од В. Иљоски (1972), Сатин во „На дното“ од М. Горки (1966), Таткото во „Пеш“ од С.Мрожек (1982), Д-р Фауснер во „Натемаго на Филозофскиот факултет“ од И. Брешан (1983), Илија Чворовиќ во „Балкански шпион“ од Д. Ковачевиќ (1983), Максимилијан во „Разбојници“ од Ф. Шилер (1967), Борис Попов во „Деветтиот бран“ од Никола Ј. Вапцаров (1972), Герлах во „Зато чениците од Алтона“ од Ж. П. Сартр (1964), Тор во „Тотови“ од Еркени, и Алфиер во „Поглед од мостот“ (1962) и Ломен во „Смртта на трговскиот патник“ од А. Милер (1969), Фезлиев во „Црнила“ од К. Чашуле (1975) и др. Како режисер поставил повеќе претстави, меѓу кои попознати: „Чорбаџи Теодос“, „Протекција“, „Мртвите не плаќаат данок“ и др. Награди: Наградата на Владата на НРМ (1950), „11 Октомври“ за животно дело (1979), „Стерија“, „Златен венец“ на МЕС Сараево, актер на годината на ревијата „Екран“ (1983), Награда на Здружението на драмските уметници на Македонија, наградата „4-ти Ноември“ (два пати), повеќе признанија на Театарските игри „Војдан Черно дрински“ во Прилеп.
Јосиф Јосифовски – актер (1927–2001)
Долги години беше носител на главниот репертоар на Народниот театар од Битола. Препознатлив по неговата маркантна фигура, со бујниот баритонски глас, живиот и ведар темперамент и со страста која провејуваше скоро низ сите ликови одиграни на штиците што живот значат. Роден 1927 г. во Велес. Во 1960 г. станал член на колективот на Народниот театар – Битола. Тој беше еден од водечките актери на битолскиот ансамбал и долго време носител на репертоарот. Со својот раскошен и еруптивен талент одигрува повеќе насловни и водечки улоги. Неговата трансформација од лик во лик, со сериозноста кон пристапот, со свежината и чистотата ги постигнувал највисоките дострели во градењето на ликовите Клаудие во „Хамлет“ од В. Шекспир (1966 и 1989), Франц во „Разбојници“ од Ф. Шилер (1967), Јаго во „Отело“ од В. Шекспир (1970), Сади во „Дундо Марое“ од М. Држиќ (1972), Еротие во „Сомнително лице“ од Б. Нушиќ (1978), Императорот во „Подземна република“ од Јордан Плевнеш (1991), „Професи оналец“ од Д. Ковачевиќ (1990), дуодрамите „Партија реми“ од Дин Ли Кобру (1986), „Виенско танго“ од П. Турини (1987) и др. Импозантни партии дал и во филмовите „Пред дождот“ и „Прашина“. Добитник е на наградата „Војдан Чернодрински“ за животно дело.
Олга Наумовска – актер (1927–1999)
Првенка на Народниот театар од Битола и една од водечките имиња на македонската глума. Актер со широк спектар на изразни можности, со огромна креативна енергија, со огромни гласовни можности и искричав темперамент. Родена 1927 г. во Прилеп, каде ги направила и првите чекори како актер во Народниот театар од Прилеп. Со доаѓањето во Народниот театар од Битола 1954 година, од сезона во сезона созревала. Со многубројните улоги се наложи како протагонистка која и дава тон и печат на изведбите, која едноставно е незаменлива во доменот на психолошката драма и трагедијата. Со нејзината прекрасна говорна модулација, со големите внатрешни пропорции во градењето на ликовите, со големите уметнички трансформации, ја прават актерската игра на оваа наша еминентна драмска актерка поблиску до монументална уметност. Подеднакво ги градела ликовите во делата од античката, домашната, југословенската и странска драматургија. Импозантен е списокот на ролјите што можат да се извојат како мошне успешни. Насловните улоги во Медеја (1962), Андромаха (1975), ликот на Јокаста во „Цар Едип“ од Софокле (1967), Леди Милфорд во „Интрига и љубов“ од Ф. Шилер (1956) Маргарита во „Дамата со камелии“ од А. Дима-синот (1963), Кабанова во „Бура“ од Н. Островски (1963), Настја во „На дното“ од М. Горки (1966), Ана Андреевна во „Ревизор“ од Н. В. Гогољ (1969), Линда во „Смртта на трговскиот патник“ од А. Милер (1969), Јохана во „Заточениците од Алтона“ од Ж. П. Сартр (1964), Марта во „Кој се плаши од Вирџинија Вулф“ од Е.Олби (1968), Магда во „Вејка на ветрот“ од К. Чашуле (1958), Борика Корда во „Чекор до есента“ од Т. Арсовски (1969), Антица во „Антица“ од Р. Крле (1967), „Камен за под глава“ од М. Новковиќ (1979) и др. Треба да се набележат нејзините камерни претстави кои ги играше со огромен успех „Како да те чујам кога водата тече“ од Р. Андерсон (1970) и монодрамата „Тебе моја Долорес“ од С. Божовиќ (1981). По пензионирањето па сè до крајот на нејзиниот живот во 1999 г., таа продолжи со успешните креации на доделените ликови во претставите „Домот на Бернарда Алба“ од Ф. Г. Лорка (1995), „Вишновата градина“ од А. П. Чехов (1988), „Тетовирани души“ од Г. Стефановски, „Калуѓерички тишини“ од С. Шнајдер (1987), „Можеби на покривот има коњ“ од И. Шотола (1995), „Отепувачка“ од Р. Крле (1997), „Виенско танго“ од П. Турини (1987), „Добра ноќ мајко“ од М. Норма (1996) и „Пар тија реми“ од Дин Ли Кобур (1986). Ангажирајќи се несебично, таа се залагаше за висок професионализам, а за возврат на тоа не ја одминаа наградите „11 Октомври“ за животно дело, „4 Ноември“ на градот Битола (два пати), награда за улога на Фестивалот „Војдан Чер но дрински“ (четири пати) и на истиот фестивал наградата за животно дело. Во 1997 г. ги прослави двата јубилеи: 70 години од жив отот и 45 години плодна театарска дејност.
Димитрие Османли – режисер (1927–2006)
Македонски филмски и театарски режисер, кој прв ги завршил студиите на Театарската академија во Белград, отсек режија. Роден 1927 г. во Битола. По дипломирањето се враќа во својот роден град и се приклучува кон колективот на Народниот театар од Битола, во 1952 г. Со неговото доаѓање тој внесе нов дух во режијата. Првата претстава на сцената на битолскиот театар е „Сите мои синови“ од А. Милер (1952). Иако кратко бил член на оваа театарска куќа, само три сезони, тој во овој период ги поставил делата „Без третиот“ од М. Беговиќ (1952), „Во агонија“ од М. Крлежа (1954), „Игра на случајот и љубовта“ од П.Мариво (1955), „Војникот фалбаџија“ од Плаут (1955). И по заминувањето во Скопје, тој не го заборави театарот на својата младост. Како гостин ги режира делата „Вејка на ветрот“ од К. Чашуле, „Поглед од мостот“ од А. Милер (1962). По подолг период во 1981 г. потписник е на комедијата „Бабамбитолски патрдии“ од М. Попоски, „Салон Бумс“ од Т. Османли (1987) и „Спилиони“ од Т. Османли (2003). Режирал на сцените во Прилеп и Скопје (МНТ, ДТС и Театарот на народностите). Позначајни драмски режии „Дневникот на Ана Франк“ (1958), „Двајца на нишалка“ (1966), „Хенри VIII и неговите шест жени“ (1967), „Свадба“ (1972), „Болва во уво“ (1974), „Народен пратеник“ (1993) и др. Првите успеси на филмот ги забележува во докумен таристичките жанрови. Најпознати остварувања се документарците „Распламтени факли“ (1956), „Пролетни надежи“ (1956), кусометражниот игран филм „Бунтот на куклите“ (1957). Играната комедија „Мирно лето“ (1961) го промовира како прв македонски режисер на еден игран филм и автор кој беспрекорно ги совладал жанровските кодекси на комедијата. Следува мелодрамата „Мементо“ (1967), „Жед“ (1971), се вклопува во актуелните движења на модерниот филм. „Ангели на отпад“ (1995) е уште еден прилог во збогатувањето на тематско – проблемскиот мозаик на македонскиот филм. Документарните филмови „Девојките од мали“ (1965), „Кејот 13 Ноември“ (1964) и „Дванаесетте од Папрадник“ (1965)
Љубиша Трајковски – актер (1930–1995)
Љубиша преставуваше еден од најраскошните таленти на македонското глумиште и беше столб на битолскиот ансамбл. Неговата природност во откривањето на драмските судбини посебно ја карактеризираа неговата артистичка игра. Роден 1930 г. во Скопје. Во 1960 г., со доаѓањето во градот под Пелистер, се вработува во Народ ниот театар – Битола и станува член на драмскиот анасмбл. Она што уште на почетокот ја карактеризира неговата игра е развиеното чувство за темпо, за богати и осмислени реакции, за логично диференцирање на текстот што го толкува. Сталоженоста, што понекогаш добивал тонови на извесна рамнодушност и опуштеност е мошне претпознатлива одлика на неговата полнокрвна интерпретација на ликовите. Ја освојувал публиката со својот ведар дух, со своето елеганОд плејадата на ликови кои ги имал остварено на сцената на Народниот театар од Битола, како најуспешни се издвојуваат ликот на Карл Мор во „Разбојници“ од Ф. Шилер (1967), „Дамата со камелии“ од А. Дима-синот(1963), Франц во „Заточениците од Алтона“ од Ж. П. Сартр (1964), Џорџ во „Кој се плаши од Вирџинија Вулф“ од Е. Олби (1968), Драшко Каровски во „Чекор до есента“ од Т. Арсовски (1969), Отело во истоимениот текст на В. Шекспир (1970), Астров во „Вујко Вања“ од А. П. Чехов (1972), Алија во „Елена Четковиќ“ од А. Поповиќ (1976), Крсте во „Време за пеење“ од Петре М. Андреевски (1977), Новак во „Камен за под глава“ од М. Новковиќ (1979), Мурина во „Свечена вечера во погребното претпријатие“ од И. Брешан (1980), и др. За неговите брилијантни креации повеќепати е наградуван на театар ските игри „Војдан Чернодрински“, а воедно тој е и првиот лауреат награден на овој фестивал со награда за животно дело во 1986 годинатно сценско движење, со суптилниот пристап во обликувањето на секој доделен лик.
Петар Ангеловски – сценограф (1931–2003).
Петар секогаш настојуваше да навлезе во суштината на драмското дело, покажувајќи одредена стручност, вкус и одлично познавање на законитоста на сцената, сценографскиот простор го исполнуваше со динамика и природни состојби со што делото сценографски го оживува. Со неговото доаѓање во 1960 г., битолскиот театар се здобива со првиот постојан сценограф. Со своите зафати во областа на театарската сценографија, покажа осведочени креативни способности во посовремениот сценски израз. Од посебно значење е фактот дека од претстава во претстава открива нови творечки потенцијали. Тој никогаш од сцената не правеше изложба, сценографијата сама за себе да биде убава, туку го назначуваше битното, функционалното. Со својата неуморна работа ги забрза процесите во развојот на сценографијата. Неговиот творечки опус, претставува една мошне голема збирка од над 200 сценографии во кои се застапени домашната, современата југословенска и светска драматургија: „Печалбари“, „Чекор до есента“, „Окрвавен камен“, „Цар Едип“ , „Хамлет“, „Севилски бербер“ и други.
Петар Стојковски – Бабец, актер (1931 -2010 )
Актер со неисцрпна енергија, со неверојатна дарба во секој момент да направи комичен ефект и да ја насмее публиката до солзи. Со своето студиозно навлегување кон креацијата на секој доделен лик, тој успешно ја пронаоѓа потребната мера да изгради лик што ќе ги носи карактеристиките на една целосна заокруженост и психолошка расчленетост. Роден 1931 г. во Битола. Основното и средното образование го завршил во Битола. Професионалниот ангажман, како актер во Народниот театар – Битола, го започнува во 1953 година, па сè до 1993 кога заминува во пензија. Четири децении на битолската публика дарува, свежа, полетна и инспи ративна игра особено во делата со комедиографски жанр. Негови позначајни актерски креации се несомнено насловните ролји во „Вук Бубало“ од Чопиќ (1962) и „Швејк во Втората светска војна“ од Б. Брехт (1965). Со огромен жар и темпераментна игра доаѓа до израз во претставата „Патувачкиот театар на Шопаловиќ“ од Љ. Симовиќ (1986), каде ја толкува насловната улога. Со значајна богата актерска фантазија ги остварува и ликовите на Помет во „Дундо Марое“ од М. Држиќ (1972), Жан во „Мистер Долар“ од Б. Нушиќ (1955), Васа во „Госпоѓа министерка“ од Б. Нушиќ (1973), „Тотови“ И. Еркен (1972), „Ужалена фамилија“ Б. Нушиќ (1964), Зганарел во „На сила лекар“ од Ж. Б. Молиер (1962), Фигаро во „Селвискиот бербер“ од Бомарше (1967), „Свечена вечера во погребното претпријатие“ од И. Брешан (1980), „Грешниот Захарие“ В. Костов (1987), „Свадбата на Мара“ од В. Костов (1976) и др. И по пензионирањето, тој не се повлекува од сцената. Во овој период треба да се спомнат уште ликовите во „Одам на лов“ (1995) и „Ти си на ред“ (1999) од Ж. Фејдо. Крајот на 1998 г., иако креираше епизодна улога во претставата „Последните селани“ од Петре М. Андреевски, брилираше во вистинска смисла на зборот. Покрај актерската ангажираност, тој е потписник како режисер на претстави за најмладите кои во себе носеа прегледност и свежина. Тоа се претставите „Ѓаволштините на Ходл де Бодл“, „Убавица и ѕвер“, „Сенката на господинот Вип“, „Педаче“, „Џинот фалбаџија“, „Чук, чук, Стојанче“. Како актер со посебна сензибилност е наградуван со наградата „4-ти Ноември“- Битола (трипати), специјалната награда „Најдолг аплауз“ на МЕС Сараево, наградата „Аплауз на артистот“ на фестивалот „В.Чернодрински“ во Прилеп.
Владимир Гравчевски – актер (1936–1978)
Актер со огромна љубов кон театарот. Несебично пренесувајќи го своето големо познавање на законитоста на театарот со аматерите – членови на Младинската сцена, истата стана расадник на нови кадри за битолското глумиште, а воедно и за македонското. Режирајќи претстави на Младинската сцена, со својата студиозна работа со секој актер, ќе ја всади љубовта кон театарот кај овие млади луѓе, кои по завршувањето на Академијата за драмски уметности ќе се вратат како зрели актери на сцената на Битол скиот театар. Во 1961 г. доаѓа во Битола и се приклучува кон колективот на Народниот театар. За периодот во кој работеше остави солиден опус на креирани ликови. Ликот на Мимискит во „Нечиста крв“ од Б. Станковиќ (1971), Кулин во „Бура“ од Н. Островски (1963), „Две кристални чаши“ од И. Раос (1974), „Светлиот пламен“ од С. Мом (1964), „Свадбата на Мара“ од В. Костов (1976), Јаблан во „Фамилијата Бло“ од Бобиќ (1976), а неговата последна ролја беше ликот на Темелко во „Време за пеење“ од Петре М. Андреевски (1977). Режии -„Незакопани мртовци“ од Ж. П. Сартр (1969), „Кој ќе го спаси орачот“ од Ф. Гилрој (1971), „Две кристални чаши“од И. Раос (1974) и други.
Љубиша Георгиевски – театарски и филмски режисер, универзитетски професор по актерска игра и режија, публицист и дипломат (1937- 2018) .
Роден 1937 г. во Битола. Основно и средно образование заврши во Битола. Дипломирал режија на Академијата за театар, филм, радио и ТВ во Белград, во 1961 г. Како режисер е потпишан на над 160 театарски претстави ширум бившиот југословенски простор и над десетина во странство (САД, Пол ска, Романија) и четири играни филмови. Со неговото доаѓање во Битола, во колективот на Народниот театар, се почувствува еден порадикален и посовремен сценски израз и на драмски содржини што ќе ја носат ознаката на неконвенционалност и актуелност. Огромниот творечки опус го започнува со поставување на дипломската претстава „Потоп“ од У. Бети (1961), на сцената на Народниот тетар – Битола, потоа следат претставите: „Физичари“ од Ф. Диренмат (1962), „Арсеник и стара тантела“, „Швејк во Втората светска војна“ од Б. Брехт (1965), „Хамлет“ од В. Шекспир (1966), „Партитура за еден Мирон“ (1967), „Покојник“ (1967), „Свадбата на Мара“ од В Костов (1976), „Црнила“ од К. Чашуле (1977), Суд“ од (1978), „ Мандрагола“ од Н. Макијавели (1980), „Еригон“ (1982), „Јулиј Цезар“ (1982), „Хај-фај“ (1982), „Mazedonische Zustände“ (1984), „Југословенска антитеза“ (1985), „Керубин“ (1988), „Сирано де Бержерак“ (1991), „Ојдип тиранин“ (1993), „Чекајќи го Годо“ (1994), „Одам на лов – апансаз“ (1995), „Глембаеви“ (1996), „Гардеробер“ (1996), „Ифигенија во Авлида“ (1996), „Вишноватагра дина“ (1997), „Веселите жени од Виндзор“(1997), „Филоктет“ (1998), „Последната ноќ на Сократ“ (1999), „Армагедон“, од Љ. Георгиевски (2000) и др. Филмовите „Под исто небо“ (1964), „Планината на гневот“ (1968), „Републиката во пламен“ (1969), „Цената на градот“ (1970). Добитник е на бројни награди за режија. Наградата „11 Октомври“ (1981), Наградата на Здружението на драмските уметници во Македонија (1962), „Војдан Чернодрински“ (1965, 1990, 1994), „Стерја“ (1965, 1981), „Златен венец“ на МЕС Сараево (1969, 1974, 1976, 1977, 1978), Награда на Зружението на театарските работници на БиХ (1972), „Јоаким Вуиќ“ (1974). Пишува есеи, публицистика, патеписи, драмски текстови. Драмски текстови: „Црна“ (1989), „Фило ктет“ (1998), „Армагедон“ (2001), филмското сценарио „Македонски рулет“ (2007), драматизацијата на романот „Свадбата на Мара“ од В. Костов, и др. Есеи: „Свет – сон“ (1978), „Речник на предрасуди“ (2001). Публицистика: „Политичката иднина на Македонија“ (1991), „Претседателски кандидат“ (1998). Беше професор по режија и глума на ФДУ- Скопје. Од дипломатските активности беше амбасадор на РМ во Р. Бугарија и претседател на Собранието на Република Македонија.
Душан Наумовски – режисер (1938 – 2011)
Творечкиот интерес на Душан му беше свртен кон современата домашна и странска драматургија. Во своите режии, тој знаеше да ја истакне сета острина на проблемите, да ја изнесе на сцената и сцен ски да ја вообличи драма тиката на настаните. Роден 1938 г. во Битола. Основно и средно образование завршил во родниот град. Дипломирал на Академијата за театар, филм, радио и телевизија во Белград. По дипломирањето во 1961 г. се враќа во Битола и внесува свежина во репертоарот на битолскиот театар. Иако кратко се задржа во Народниот театар од Битола, само три сезони (1964), тој ги постави делата „Човек, животина, добродетел“ од Л. Пирандело (1961), „Вук Бубало“ од Б. Ќопиќ (1962), „Меде ја“ од Џ. Робинсон (1962), „Профе сорот Мамлок“ од Ф. Волф (1963), „Човечки глас“ од Ж. Кокто (1963), „Заточениците од Алтона“ од Ж. П. Сартр (1964). По заминувањето на работа во Скопје во Македонската радио и телевизија тој е чест гостин на сцената во Битола. Во годините што следат ќе ги постави делата „Мандрагола“ од Н. Макијавели (1970), „Вујко Вања“ од А. П. Чехов (1972), „Деветтиот бран“ од Н. Вапцаров (1972), „Суд“ од К. Чашуле (1978), „Свадба“ од В. Иљоски (1979), монодрамата „Тебе моја Долорес“ од С. Божовиќ (1981), „Антигона о Њујорк“ од Ј. Главицки (1997).
Димитар Христов -режисер (1938 – 2009)
Уште на почетокот на својата кариера ја покажа својата нагласена ориентација кон светската драмска класика. Роден 1938 г. во Битола. Основно и средно образование завршува во својот роден град. Дипломирал на Академијата за театар, филм, радио и телевизија во Белград. Првото дело кое го постави на сцената на битолскиот театар е комедијата „Насила доктор“ од Ж. Б. Молиер во 1962 г. Како режисер во колективот на Народниот театар од Битола се задржа многу кратко, само една сезона во која ги постави претставите „Копнеж под брестовите“ од Ј. О`Нил (1964), „Светиот пламен“ од С. Мом (1964), „Тартиф“ од Ж. Б. Молиер (1965), „Да се смееш не е грев“ од В. Булатовиќ (1965). Во годините што следат ќе ги постави делата „Разбојници“ од Ф. Шилер (1967), „Севилскиот бербер“ од Бомарше (1967), „Едип“ од Софокле (1967), „Жорж Данден“ од Ж. Б. Молиер (1970), „Отело“ од В. Шекспир (1970), (една од неговите најдобри постановки), „Андромаха“ од Ж. Расин (1975), „Агамемнон – Електра“ од Есхил- Софокле (1976), „Млади синови“ (1977) и „Окрвавен камен“од В. Иљоски (1978), „Залез над езерската земја“ од Т. Арсовски (1980), (со оваа прет става започна со работа Народ ниот театар во новата зграда), „Ноќ спроти Водици“ од В. Шекспир (1983) и други.
Иљко Стефановски -актер (1952 -2011 )
Актер кој од претстава во претстава зрееше и ја покажуваше својата сигурност, пластичност и фина изнијасираност во сценското движење. Роден 1952 г. во Битола. Основно исредно образование заврши во Битола. Дипломира на ФДУ во Скопје на отсекот за актерска игра. Неговите почетоци на сцената на Народниот театар од Битола датираат уште од раната младост статирајќи во голем број на претстави, а како член на Младинската сцена креираше носечки улоги и го надградуваше својот талент. По дипломирањето во 1976 г. станува член на драмскиот ансамбал во Народниот театар од Битола. Со смената на генерациите завзема едно од водечките места во ансамблот. Неговиот талент ќе дојде до израз во улогата на немиот Младоженец во „Свадбата на Мара“ имајќи тешка задача да креира лик без текст со длабока трагична човечка судбина. Сепак како негова најуспешна креација ќе се памети по ликот на Јон во „Пиреј“ која ја одигра во еден здив и во која внесе многу потресни моменти, што резултираше со специјална награда на тетарските игри „Војдан Чернодрински“ во Прилеп. Неговиот талент блескаше креирајќи ги ликовите на Младоженецот во „Свадбата на Мара“ од В. Костов (1976), Фра Тимотео во „Мандрагола“ од Н. Макијавели (1980), Јон во „Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1982), Ефто во „Лет во место“ од Г. Стефановски (1984), Оберон во „Сон на летната ноќ“ од В. Шекспир (1984), Јеврем Прокиќ во „Народен пратеник“ од Б. Нушиќ (1984), Лопахин во „Вишнова градина“ од А. П. Чехов (1988), Фалстаф во „Вечерва – Фалстаф“ од В. Шекспир и Р. Богдановски (1992), Тоби Ждригало во „Дванаесетта ноќ“ од В. Шекспир (1993), Аџи Трајко во „Бегалка“ од В. Иљоски (1995), Поцо во „Чекајќи го Годо“ од С. Бекет (1998) и др. За својата креативност во градењето на ликовите награден е со наградите „11 Октомври“ за животно дело (2006), „Војдан Чернодрински“ (три пати), „4-ти Ноември“. Одреден период ја врши и функцијата на селектор на драмската програма на „Охридско лето“. Застапен со епизодни улоги во проекти од филмската продукција.











