Се асфалтира патот Битола-Демир Хисар

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

Агенцијата за државни патишта соопшти дека започна со градежни активности, асфалтирање на регионалниот пат Р 1305 Битола-Демир Хисар.

Според објавените информации се работи за проект финансиран со заем од светската банка, а вредноста на договорот е 1 милион евра.

Почетокот на работите беше на 7 декември ланската година, а планиран датум за завршување е месец Август оваа година.

Се работи за регионален пат кој ги поврзува Битола со Демир Хисар. Должината на која се работи е 10 километри, ширината на патот 6 метри.  Изведувач е градежната компанија Гранит, подизведувач фирмата Прогрес 1998 од Гостивар, а надзорот го врши ДИВИ.

Share.