Градоначалникот на општина Битола, Тони Коњановски, денес изврши увид на активностите со кои се финализира проектот за изградба на коловоз на улицата СРУ 5 во АРМ. Улицата се асфалтира во должина од 180 метри и вкупна вредност на инвестицијата од општинскиот буџет во вредност од 6.133.710,03 денари. Претходно, на оваа улица локалната самоуправа инвестираше во поставување на водоводна мрежа.

Ова е уште еден инфраструктурен проект, планиран и реализиран од Општина Битола во оваа градежна сезона, во која досега се завршени над 4.5 километри патна инфраструктура во урбаниот и руралниот дел од општината, а работите тековно, според програмата се одвиваат на над 15 други локации.
Градоначалникот на Битола Тони Коњановски денеска на новинарско прашање рече дека продолжуваат интензивно да работат без разлика дали на некој тоа му се допаѓа или не.












