Се бараат стари часовници за претстава

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

Народниот театар од Битола со едно барање до битолчани и својата публика, тие на својот фејсбук профил напишаа:

„Драга публико,
потребна ни е Вашата помош за потребите на следната премиера на Н.У. Народен театар Битола.
Потребни ни се голем број на нефункционални рачни часовници (било какви).
Доколку имате такви кои дома Ви сметаат, досега сте размислувале да ги исфрлите, најљубезно Ве молиме да не контактирате.
Многу ќе ни помогнете нас и така ќе им го продолжите “животот” на веќе заборавените предмети.
Однапред благодарни.“

Сите оние кои сакаат да им помогнат можат да ги контактираат на фејсбук профилот на народниот театар.

Share.