Се бара доживотна казна за Србите кои извршија убиство на Закинтос

0
585

Се бара доживотна казна затвор за седум српски државјани од вкупно деветмина обвинети за убиството на Американецот Бакари Хендерсон на грчкиот остров Закинтос.

Според „Политика“, истрагата утврди дека младиот американец починал по 11 секунди од ударот со нога по глава и дека еден од учесниците во кривичното дело никогаш не бил идентификуван.

Во обвинението од 55 страници се бара оваа казна за деветмина учесници во кривичното дело, а шестмина Срби се судат за „тешко кривично дело убиство без предумисла во пресметлива психичка состојба“.

За делото „директно соучесништво во убиство без предумисла“ му се суди на еден учесник во инцидентот, а на уште двајца за „убиство во обид“.

Грчките медиуми, исто како и во јули, 2017 кога се случи убиството, го третираат случајот како главна вест и потсетуваат на грозоморните детали за инцидентот пред бар на Закинтос, како и на барањето да се продолжи притворот на обвинетите со образложение дека станува збор за „едно од најбруталните убиства извршено од млади луѓе“.