Се бара решение од кога да се применува името за севкупна употреба

0
383

Застој во преговорите меѓу Македонија и Грција. Од кога да почне да важи името за севкупна употреба, според сознанијата на телевизија 24 е клучниот проблем околу кој двете страни сеуште не може да најдат заеднички компромис.

Како и кога ќе продолжат преговорите за името, од грчката влада посочуваат дека топката сега е кај Македонија од каде се чека првиот потег. Грчкиот министер за надворешни работи во интервју за државната телевизија „ЕРТ“ изјави дека доаѓа моментот кога треба да се каже големото „да“ или големото „не“ и кога ги разбираш тешкотиите што се наоѓаат пред тебе.

Тој напомена дека очекува оти наскоро ќе се затвори прашањето, но истакна дека „никогаш не треба да се вели никогаш“.

Премиерот Заев пак и натаму со став дека очекува покана за НАТО во јуни.