ТЕРА

REKLAMA???

СЕ Е ПОДГОТВЕНО ЗА ГОДИНЕШНОТО ИЗДАНИЕ НА OHRID CALLING

„Морето е море e – факт. Фактот дека Охрид е европска убавица е – уште поголем факт! Фактот дека од 31-ви јули до 4-ти август Охрид ќе биде европски центар на светска забава благодарение на четиридневниот фестивал Ohrid Calling и концертот на Lenny Kravitz е – неприкосновен факт“, истакнуваат од Авалон продукција по повод годинешното издание на светскиот фестивал кој сите со нетрпение го очекуваат.

Афроџек, „Вини вичи“ и Мејсио Плекс ќе бидат главни ѕвезди на годинешното издание на фестивалот. Меѓу оние кои првпат ќе настапат во Македонија е и маскираниот германски диџеј и продуцент Клептоне.Тука е и американската техно ѕвезда Мејсио Плекс, а меѓу учесниците се и сингапурското дуо „Рејв рипаблик“, Лаура ван Дам од Холандија, Анри ПФР од Белгија, Фернанда Пистели од Бразил.

„Предизвик е да се организира една ваква манифестација, препознатлива низ светот. Овој пат за последен пат ќе се одржи во Охридската касарна“, истакнува Миа Милошеска од Авалон продукција и додава: „Како што сме информирани од Општина Охрид, во касарната следуваат инвестиции и иновации на некои постоечки објекти, поради што најверојатно повеќе нема да има можност фестивалот да се одржува на истата локација како во последниве пет години“. Годинава, фестивалот ќе се одржи по деветти пат.