Се е подготвено за 19-тото издание на манифестацијата Избираме најуспешни битолчани

0
453

Со крајот на 2017, Битолски весник започна со подготовките за организирање на традиционалната манифестација Избираме најуспешни битолчани 2017, која оваа година ќе се одржи по 19 ти пат.

На 23 ти февруари, ќе се одржи манифестацијата на која ќе бидат избрани најуспешните битолчани, во областите на политика, бизнисот, малото стопанство, занаетчиството, новинарството, образованието, културата,уметноста, естрадата, спортот.

Еден од наградените со високо признание е кларинетистот Исмаил Љумановски, кој ден пред самата манифестација заедно со неговите колеги Марија Вршкова и Бакревски Игор, во Центарот за култура ќе одржат концерт.