СЕ Е ПОДГОТВЕНО ЗА 25.ИЗДАНИЕ НА ФЕСТИВАЛОТ НА МОНОДРАМА ВО БИТОЛА
23 мај 2024, 8:50 pm
418 прегледи
Array
Од 25. ти до 31.Мај, Битола е домаќин на 25- то по ред издание на фестивалот на кој секоја тишина зборува многу и ја слави моќта на соло изразувањето, Интернационалниот фестивал на монодрама. Оваа година фестивалот се одржува под мотото „СЛОБОДАТА ЖИВЕЕ ТУКА“ на сцените на Центарот за култура и на Народниот театар. Според директорката на Центарот за култура Маја Андоновска-Илијевски и оваа година ќе се обидат повторно да направат светски фестивал.
Фестивалот се отвора со шоуто „Глумците пеат“, за прв пат во Битола и ова е прв град во кој настапуваат, освен во Скопје. 40 извонредни и талентирани актери, со БИГ БЕНД оркестар на сцената, во живо ќе ги пеат најголемите евровизиски хитови. Селектор на фестивалот е доајенот на македонскиот театар, актерот Петар Мирчевски. Тој рече дека имале тешка задача да селектираат претстави бидејќи пристигнале повеќе апликации од цел свет.Сцените се подготвуваат, светлата се затемнети, а публиката е замолчена во исчекување на магијата што ќе се расплетува од 25.мај. И оваа година ќе биде застапена офф-програма на повеќе локации. Во програмата на годинешниот фестивал се и гостите од Статуа фест, детскиот перформер Дарко Ѓурчиновски кој своето шоу ќе го изведе на Широк Сокак и сл.
Ова е фестивал кој има верна и квалитетна публика. Публика која ја знае моќта на осамениот изведувач како го бранува просторот за игра и како ја осветлува самата суштина на она што значи да се биде жив. На Фестивалот на монодрама, оваа година ќе бидат изведени 2 македонски претстави, потоа претстави од Нови Сад, Бугарија, Турција, Грција, Казахстан, Ерменија, Хрватска. Свеченото затврање на фестивалот е закажано за 31.maj- после доделувањето на наградите, со претставата на Драмски театар од Скопје: Чудна случка на кучето во ноќта во режија на Зоја Бузалкова.