Се е подготвено за 42 -то издание на Браќа Манаки

Битола е подготвена за годинешното издание на Интернационалниот фестивал на филмска камера „Браќа Манаки“, кое оваа година ќе се одржи под мотото „И покрај се“ и тоа од 16-ти до 21-ви септември .

Австрискиот кинематографер Кристијан Бергер и рускиот режисер Андреј Кончаловски се годинешни лауреати на „Браќа Манаки“

Актерот Бајрам Северџан, најпознат по филмовите „Црна мачка, бел мачор“ на Емир Куструрица, „Трето полувреме“ на Дарко Митревски и „До балчак“ на Столе Попов, е добитник на Големата ѕвезда на македонскиот филм, награда која ја доделува Друштвото на филмски професионалци.

„Сестри“, дебитантскиот филм на режисерката Дина Дума, ќе го отвори 42. издание на фестивалот.

Во кратката програма македонска премиера ќе има и „Северен пол“ на битолчанката Марија Апчевска, кој во јули играше во конкуренцијата за Златна палма во Кан.

Отворањето на фестивалот ќе се одржи во Пациото на Музејот во Битола, програмата на фестивалот е скратена и содржи 10 долгометражни филмови и 10 кратки филмови.

Сподели