Се зголемува бројот на жртвите во ерупцијата на вулканот Фуего во Гватемала

0
403

Властите во Гватемала денеска објавија дека како последица на ерупцијата на вулканот Фуего во неделата, досега загинале најмалку 75, а над 192 лица се исчезнати.

Околните села се буквално затрупани со вулканска пепел и кал.

Спасувачката акција вчера била прекината поради нова ерупција на вулканот, кој исфрлил жежок гас и растопени карпи по јужната страна на вулканот.

Повеќе од 1,7 милиони луѓе досега се погодени од ерупцијата, а над 3.000 се евакуирани.