Се монтира акцелераторот на клиниката во Битола

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

Денес во посета на клиничката болница во Битола заменик министерот за здравство Гоце Чакаровски. При посетата рече дека во тек е монтирањето на акцелераторот за зрачна терапија во Клиничката болница и за неколку месеци пациентите ќе добијат зрачна терапија во Битола и не ќе мора да патуваат за Скопје.

-Јавноста знае дека долго време беше тој во подрумот на Клиничката болница. Со промената на власта, Министерството за здравство се зафати со работа да се пристапи кон монтирање на акцелераторот. Ги исконтактиравме сите изведувачи, оние кои ја набавија опремата, се работи со одредена динамика и се надевам дека во следните месеци ќе се пушти акцелераторот, рече заменик министерот за здравство Гоце Чакаровски.

Тој додаде дека во изминатиот период акцелераторот не бил ставен во функција поради недоразбирања за мали пропусти меѓу добавувачите на опремата и изведувачите.

Чакаровски оствари средби и со докторите и главните сестри,со цел да се решат проблемите со кои моментално се соочува кничката болница во Бтола.

Share.