Се обиделе да го постават државното знаме, но ги пријавиле в полиција

0
3277

Синоќа група граѓани се обиделе да го постават знамето на Република Македонија пред спортската сала „ Младост“ во Битола, но биле спречени од полицијата.

Граѓаните сакале да го вратат знамето кое подолго време било тргнато од јарболот, но некој ги пријавил по што интервенирала полицијата, пишува порталот Апла.мк.

Од битолската полиција го потврдија настанот. Портпаролката Сања Стаматова вели дека настанот бил пријавен в полиција по што групата била спречена од полициски службеници од СВР –Битола. Тие затекнати граѓани околу јарболот додека на самиот јарбол бил искачен полицаец во цивил кој не бил на работа, со уште четири други лица. Лицата биле лишени од слобода, извршени биле разговори  со нив и по уредно дадени изјави се ослободени, рекоа од полицијата и додаваат дека констатирано е дека нема елементи на кривично дело.