Се одржа гала оперскиот василичарски концерт „VIVA L’OPERA!“

„VIVA L’OPERA!“ е насловот на традиционалниот гала оперски концерт по повод празникот „Василица“ што се одржа во македонската Опера и Балет.

Традицијата востановена пред повеќе од 25 години продолжува, оваа година публиката имаше можност да ужива во изведбите на едни од највпечатливите арии, дуети и хорски делници од светски познатите оперски дела од композиторите: Моцарт, Белини, Делиб, Пучини, Верди, Џордано, Леонкавало, Калман, Лехар.

Диригенти на концертот беа Бисера Чадловска и Иван Еминовиќ, режисер: Дејан Прошев, светло дизајн: Нино Митевски, концерт мајстор: Климент Тодороски, хор мајстор: Јасмина Ѓорѓеска.

На концертот настапија Весна Ѓиновска – Илкова, Сандра Митровска, Дешира Ахмети – Крлиу, Наде Талевска, Билјана јосифов, Ѓорѓи Цуцковски, Борис Трајанов, Марјан Јованоски, Александар Стефаноски, како и хорот и оркестарот на Македонската опера и балет.

„Кармина Бурана“, „Тоска“, „Норма“, „Палјачи“, „Набуко“, „Веселата вдовица“, „Сицилијански вечери“, беа дел од оперските дела чии познати арии беа изведени.

Сподели