Во Градскиот парк во Битола денеска се одржа традиционалната велосипедска трка во рамки на одбележувањето на 4-ти Ноември, Денот на ослободувањето на Битола. Трката традиционално ја организира велосипедскиот клуб „Пелистер 15 мај“ од Битола. На трката учество зедоа учениците од основните училишта од градот од шесто до деветто одделение, поделени во 4 возрасни категории .

Традиционално трката се одржува во партнерство со Сојузот на училишни спортови од Битола.

По завршувањето на трката првопласираните тројца во категорија добија признанија и медали од организаторот.












